На тимот на Дени Илиев одземени му се 3 бода, екс фудбалер на Вардар суспендиран на 7 месеци!

3602

Поради се она што се случуваше на куп средбата во БиХ меѓу Сараево и Борац Бања Лука кој беше прекинат во 93.минута, денеска се дознаа казните од страна на ФС на БиХ. За нас е интересно дека голман на Сарево е репрезентативецот Дени Илиев а спортски директор Сенија Ибричиќ, инаку екс фудбалер на Вардар.

Па така тимот на Илиев е казнет со одземање на три бода, а Ибричиќ е драконски казнет со суспензија од 7 месеци.

Инаку Сараево како клуб е казнето и со 12.000 евра поради слабата организација на тој меч.

До прекинот дојде поради тоа што играчите и стручниот штаб на Сараево одлучија да го напуштат теренот незадоволни од судењето.

ПретходноКуман со критики до УЕФА: Апсурдно е да одбереме само 23 фудбалери за ЕП
СледноДимитриевски за “Радио Марка“: Не сум потпишал со друг клуб, сакам да останам во Рајо Ваљекано!