Куман со критики до УЕФА: Апсурдно е да одбереме само 23 фудбалери за ЕП

363

Селекторот на Холандија, Роналд Куман ја искритикува УЕФА и нивната одлука да го врати системот по кој репрезентациите ќе можат да имаат само 23 фудбалери на Европското првенство во Германија.
УЕФА одлучи по 26 фудбалери да бидат селектирани во тимовите на последното ЕП 2021 поради пандемијата на коронавирус, а исто толку беа селектирани за СП во Катар 2022.

На ЕП 2024 ќе има само 23 играчи како во минатото. Куман по поразот од Германија со 2:1 одлучи да позборува за ова.
Зошто да не избереме 26 играчи. Апсурдно е да се вратиме на 23. Мојот колега го мисли истото (се однесува на Јулијан Нагелсман)“, изјави Куман.
„Моравме да се справуваме со повреди овие денови. Се работи за способноста на играчите да се справат со товарот“, додаде селекторот.
Куман сугерираше дека холандската ФА може да и се обрати на УЕФА за ова прашање и се надева на поддршка од другите земји.
Ако многу земји го направат ова заедно, верувам дека УЕФА ќе мора да слуша“, додаде тренерот на „лалињата“.
Холандија го започнува ЕП 2024 во Германија на 16 јуни против Полска, а други противници од групната фаза се Франција и Австрија.

ПретходноФановите на Наполи со реакција до Серија А: Лицемерен систем, а Ачерби ви е амблем
СледноНа тимот на Дени Илиев одземени му се 3 бода, екс фудбалер на Вардар суспендиран на 7 месеци!