Се почнало минатата есен: Откриена причината за разделбата на Иванишевиќ и Ѓоковиќ?

586

Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ по повеќе од пет години ја прекинаа соработката. „Јас и Горан се договоривме да ја прекинеме соработката пред неколку дена. Хемијата на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство отсекогаш било цврсто како камен“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм и со тоа ја потврди разделбата.

Првите разговори за можна пауза се случија по завршниот Мастерс во Торино минатата година. Размислувањата за прекин на соработката продолжија и за време на Австралија опен, каде Јаник Синер го исфрли Ѓоковиќ во полуфиналето и го освои Грен слем. После тоа, Ѓоковиќ беше елиминиран во третото коло на Индијан Велс.

Српски „Курир“ смета дека прекинот е поради насобраниот замор на Иванишевиќ од напорниот режим на Ѓоковиќ. Иванишевиќ често ја истакнуваше работната етика на Ѓоковиќ како исклучителна и рече дека посветеноста на постојан напредок во играта е постојан императив.

Ѓоковиќ се стреми кон својата 25. Грен слем титула и олимписко злато во Париз оваа година. Затоа, 2024 година ја смета за една од најважните во кариерата и сака се да му функционира беспрекорно. Поранешниот српски тенисер Ненад Зимоњиќ треба привремено да го замени Иванишевиќ, но не се знае кој трајно ќе го замени легендарниот хрватски тенисер.

ПретходноПоради малата промена во термините за Купот: Големото дерби во ПМФЛ меѓу Шкупи и Вардар се игра во сабота!
СледноКапитенот на Шпанија исвиркан на „Бернабеу“: Душата ме боли, се срамам!