Поради малата промена во термините за Купот: Големото дерби во ПМФЛ меѓу Шкупи и Вардар се игра во сабота!

1294

Поради малите промени во термините за првите мечеви од 1/2 финалето во Купот на Македонија, ќе има и промени во термините за средбите од 25.коло во ПМФЛ претстојниот викенд.

Имено големото дерби меѓу скопските ривали Шкупи и Вардар се игра в сабота (30.03) на Чаир, како и средбата Тиквеш – Силекс. Сите останати мечеви од ова коло се закажани за во недела (31.03) а се среќаваат Брера – Работнички, Струга ТЛ – Воска, Шкендија – Брегалница и Гостовар – Македонија ЃП.

Ова доаѓа поради фактот дека во вторник (02.04) е закажан првиот полуфинален меч во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Тиквеш, додека во среда (03.04) се игра вториот полуфинален меч меѓу Воска и Македонија ЃП.

И двата меча ќе ги има на МТВ и на Арена Спорт.

Инаку реваншите се играат по две недели.

ПретходноСтигна лоша вест за Анчелоти, навивачите во очај
СледноСе почнало минатата есен: Откриена причината за разделбата на Иванишевиќ и Ѓоковиќ?