Тема на денот на Островот: Шкотланѓаните ја исвиркаа химната на Обединетото Кралство (видео)

690

На „Хемпден парк“ во Глазгов репрезентацијата на Северна Ирска ја совлада Шкотска со 1:0, меѓутоа не се зборуваше за погодокот на Конор Брејди туку за шкотските навивачи кои ја исвиркаа химната на Обединетото кралство „Боже, чувај го Кралот“.
Северноирските навивачи ја отпеаја химната пред почетокот на мечот, но „патриотски настроените навивачи на Шкотска“, како што ги опиша англискиот таблоид „Дејли меил“, пробаа да ја замолчат со свирежи.
Поради тоа се направи војна на химните бидејќи претходната вече во Глазгов била исвирката шкотската химна „Цветот на Шкотска“ исто така била исвиркана.

„Свирежите на почетокот на мечот е уште еден показател колку шкотските навивачи во последните месеци не поднесуваат химната „Боже, спаси го кралот“ да се слуша пред натпреварите. Слично беше и пред мечот со Англија кој исто така го изгубија, а истото се случува и на натпреварите на клубовите“, пишуваат новинарите од „Дејли меил“.

ПретходноЖиру од идната сезона ќе игра за клуб од МЛС
СледноФановите на Наполи со реакција до Серија А: Лицемерен систем, а Ачерби ви е амблем