Фановите на Наполи со реакција до Серија А: Лицемерен систем, а Ачерби ви е амблем

153

Еден од директорите на Наполи, Томасо Бјанкики потврди дека фудбалерите нема да ги носат маичките со натпис „Надвор на расизмот“ пред почетокот на натпреварите поради случајот со Франческо Ачерби, фудбалерот на Интер.
Од Серија А го ослободија Ачерби од обвинувањата за расизам против дефанзивецот на Наполи, Жуан Жесус на 17 Март.
Случајот ги подели навивачите во Серија А, а некои се лути поради несоодветна реакција од страна на првите луѓе на најсилната италијанска фудбалска лига додека други го бранеа фудбалерот на Интер. Причината за Ачерби да не добие казна е недостаток на доказ во случајот.
Овој натпис повеќе нема смисол“, изјави Бјанкини во пресрет на мечот со Аталанта претстојниот викенд.

А навивачите на Наполи претходно распослаа банер со порака до Серија А: „Лицемерен систем, а Ачерби ви е амблемот“. Со тоа Неаполитанците искажаа загриженост за тоа како Серија А се бори против расизмот.

ПретходноТема на денот на Островот: Шкотланѓаните ја исвиркаа химната на Обединетото Кралство (видео)
СледноКуман со критики до УЕФА: Апсурдно е да одбереме само 23 фудбалери за ЕП