Јокиќ VS Леброн: Заокружете го 28 јули, тогаш во Париз е спектаклот меѓу Србија и САД!

400

Не е тајна дека на претстојните ОИ во Париз кошаркарскиот турнир ќе биде спектакуларен. САД доаѓа со најголемите ѕвезди, се очекува за Србија да настапи најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ.

Факт е дека Американците со Леброн, Дурент, Ембид, Кари и сите останати се големи фаворити, но ако за Србија настапи и Јокиќ тогаш на 28 јули тоа ќе биде спектакл.

Јокиќ против Леброн, тоа секако дека ќе вреди да се гледа па макар и на ТВ.

Инаку овој меч е закажан за 28 јули со почеток од 17:15 часот. Ова ќе биде прв меч од групата во која се наоѓаат овие две селекции.

ПретходноИма договор: Крос во Реал Мадрид до 2025!
СледноСрбљак поразен во маратонски меч од 1.коло во Анталија!