Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.
Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.
На самиот старт на средбата, Силјановски постигна гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголеми нашата предност. Матески во 30. минута се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 3:0.
МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров, Андреј Силјаноски; Селектор: Вујадин Станојковиќ.
Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.
Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.