Цапар е „селекториште“ – само тој победи и тоа над Гибралтар!

3698

Да ти е мерак да гледаш фудбал, нови тактики, нови видувања на фудбалската игра. Да играш дома, на најголем стадион, да те гледаат едвај 200 навивачи, да губиш 0:1 и да не нападнеш, да немаш удар на гол, да немаш ништо…Шведска славеше со 2:0 над нашите таленти среде Скопје и со оваа победа „викинзите“ се вратија во игра за второто место во групата, а нас не вратија на опашката и во борбата за дното во групата.

Од селекторска гледна точка сите се виновни само тој е вистинскиот избор, најдоброто решение, иднината на националните селекции. Драган Канатлатровски и неговиот начин на работа, избор и селекција на фудбалери се доказ како не треба да се работи. Тоа што ниту еден младинец со години не е селектиран од сениорската селекција на Благоја Милевски е уште еден доказ за тоа во која насока оди нашата фудбалска иднина.

И точно – Драган Канатларовски од меч во меч ги изненадува сите па дури и самиот себеси. Ова што го прави со надежите е супер лекција и модел за тоа како не треба да се работи. Повик за анонимни играчи од странство, непознати играчи кои се далеку од фудбалери на штета на домашните деца, домашните клубови… Страшната слика на дуелите со Гибралтар и Шведска е доказ дека најдобрите не се во најдобриот список и националната селекција до 21 година. Имаше и експерти и врвни имиња од фудбалот на трибините па и оние кои гледаа на ТВ екраните кои не можеа да поверуваат со сопствените очи на фактот кои играчи се повикани, кои се нивните квалитети и способности.

Коментарите се страшни, навредливи и бесни кон она што се нарекува македонска репрезентација до 21 година.

Но, не е така. Што е виновен селекторот? Па тој е единствениот во овој март што победил од официјалните селекции. Само тој – Драган Канатларовски- Цапар! И најавивме дека е забележана „голема“ победа над Гибралтар. Деновите покажаа дека не само што е голема туку тоа е и единствената победа на сите наши репрезентации. Победа над Гибралтар која висеше на конец и која е по заслуга на „најдобриот“ – Канатларовски и неговата „бункер“ тактика од 100 години со сите назад и господ во напад која донесе еднаш во 100 години победа како онаа во Шведска (без удар на гол).

Сениорите загубија од Црна Гора (1:0), ремизираа со Молдавија (1:1), селекцијата до 19 години во елитната рунда во Скопје има реми со Летонија (1:1) и порази од Уктраина (2:0) и Швајцарија (2:0). Во седум натпревари само една победа и таа над Гибралтар.

Тешко на нашите селекции ако сите селектори продолжат со ист начин на работа. Да се кажува дека црното е бело и обратно при очи кај секого кога се гледаат настапите на фудбалерите и крајниот исход – резултатот.

Зарем само Кирил Изов доби отказ, а сите други се цеќиња за мирисање. Кирил Изов кој беше сменет од женската репрезетација барем не лута како овие во машкиот репрезентативен фудбал и кај него финансиите и лимитот се тие. Не се фрла со нови џипови, станови..,

Проблемот е кај големите тренери, селектори… Тие секогаш се во право сите други немаат врска од фудбал и резултатот не е резултат ако не се гледа од иста перспектива како селекторите. Затоа и комисијата од УО на ФФМ која ја анализитраше работата на селекторите требаше да остане на својот став. Смена на сите освен Тони Јакимовски кој играше елитни квалификации. Но, не останаа на тој нивни став. Затоа сега го имаме ова што ни се случува сега – од пораз во пораз од лошо во полошо.

Лимитот е тој!

И наместо денеска ние да бевме Грузија и да славевме нов пласман на ЕП, кај нас во живот со коментари се враќаат и оние кои го почнаа овој хаос за свои лични интереси и болни амбиции. Тој повод им го даваат тие кои сега слабо работа, одат во погрешна насока, и немаат резултати…

Не се бришат резултатите и успесите но не се бришат ниту мешетарења и криминалните игри.

Ова е мала земја…

Претходно„Анталија Куп 2024″ – Нова победа на Македонија до 18 години
СледноЃоковиќ со емотивна порака се збогува со Иванишевиќ