Димитриевски за “Радио Марка“: Не сум потпишал со друг клуб, сакам да останам во Рајо Ваљекано!

249

Пред две недели „АС“ излезе со информација дека еден од најдобрите голмани во Ла Лига, нашиот Столе Димитриевски има договор со Валенсија и дека по завршување на сезоната ќе се пресели од Рајо Ваљекано на Местаља.

Сепак попладне од Шпанија доаѓа демант и тоа директно од Македонецот кој за “Радио Марка“ има изјава дека засега нема договор, уште помалку потпис со некој друг клуб:

Не е точно тоа дека сум се договорил или потпишал со некој друг клуб. Можам да кажам дека сеуште се водат преговори, не е тајна дека сакам да останам тука, во овој клуб и со овие навивачи, но ќе видиме што ќе се случи“ изјавил Димитриевски.

ПретходноНа тимот на Дени Илиев одземени му се 3 бода, екс фудбалер на Вардар суспендиран на 7 месеци!
СледноИма договор: Крос во Реал Мадрид до 2025!