Неверојатно: Аиртон Сена во 1990 година за малку не потпишал за Ферари за фантастични 30 милиони долари по сезона!

347

Како што се наближува 1 мај 2024 година, со што ќе се навршат 30 години од смртта на Аиртон Сена, најголемиот во историјата на Формула 1, барем според многумина, така се повеќе се раскажуваат приказни за тоа што би било кога би било.

Имено најновата е таа дека во 1990 година за малку Сена не направил трансфер од Мекларен во Ферари и тоа како актуелен светски првак. Се наведува дека се било готово, дека преговорите речиси и да биле готови, но во последен момент тогаш првиот човек на Ферари,

Пјеро Фусаро го стопирал трансферот стравувајќи дека ќе си има проблем во тимот ако се знае дека тогаш за италијанската гордост возел Алан Прост, кој со Бразилецот водеа “војна“ на секоја трка.

Исто така се наведува дека Сена имал понуда вредна 30 милиони милиони евра по сезона, сума која за тоа време, пред 30 години била фантастична.

Ако ова е вистина и ако дошло до таков трансфер, секако дека некои работи во светот на Формула 1 во тие деведесетти години од минатиот век, ќе беа сосема поинакви.

ПретходноИталијанецот Мареска ќе им суди на Хајдук и Динамо во Купот!
СледноЛШ: Кјелце е речиси во 1/4 финале, Загреб и Монпелје одиграа без победник