Македонија со пад од едно место на ФИФА листата!

186

Ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора, и двата меча одиграни во Анталија се чини дека скапо ќе ја чинат нашата најдобра фудбалска репрезентација на ФИФА ранг листата. Проекцијата вели дека Македонија ќе доживее пад од едно место и ќе се најде на 69.место во светот.

Инаку официјално листата ФИФА ќе ја претстави следниот четврток. Интересно е што пред нас ќе бидат и такви селекции како Буркина Фасо и Конго.

А на 70.место се наоѓа Црна Гора која скокна две места по победите над Белорусија и Македонија во Анталија.

Меѓу првите 10 нема промени, освен тоа дека Белгија ја мина Англија на 3. место, а на првите две места се Аргентина и Франција.

ПретходноЈокиќ добар, но недоволно за да се победат Дурент и Феникс, фантастичниот Леброн… (ВИДЕО)
СледноМедведев си закажа полуфинале со Синер!