Спектакл во чест на Дражен, во Загреб доаѓаат и ѕвездите од оригиналниот дрим-тим од 1992!

1659

Како што и се најавуваше, во чест на 60-годишниот роденден на Дражен Петровиќ, најголемиот кошаркар во Европа, кој го загуби животот во 1993 година, во Загреб ќе се одржи кошаркарски спектакл.

Денеска на прес неговиот брат Ацо Петровиќ го најави спектаклот кој ќе се одржи на 5 септември.

Како прво тоа ќе биде меч меѓу репрезентацијата на Хрватска против Европа, или играчи од Евролигата, а тренер ќе биде Жељко Обрадовиќ.

Инаку организаторот на овој спектакл најави дека им се испрартени покани како специјални гости да дојдат и членовите на оригиналниот дрим – тим од 1992 година, но и сите членови на репрезентацијата на Хрватска која во финалето на ОИ во Барселона, заедно со Дражен, играше против САД.

Исто така се нагласи дека како гости се очекува да присуствуваат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ…

ПретходноДарко Јанев го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата!
СледноНајзборуваниот трансфер во Реал би можел да се случи дури во август