Баерн Минхен се врти кон Зидан, се кројат планови и за неговиот помошник

106

Германскиот шампион Баерн Минхен го смета францускиот стручњак Зинедин Зидан како еден од главните кандидати за местото нов тренер на минхенскиот клуб, кој ќе биде испразнет по заминувањето на Томас Тухел на крајот од актуелната сезона. германското издание Билд.

Според изворот, во моментов нема директен контакт меѓу двете страни. Самиот Зидан сподели дека е заинтересиран за можноста да ги води Баварците, споредувајќи го германскиот клуб со Реал Мадрид, каде Французинот ги постигна најголемите тренерски успеси.

Се нагласува дека во случај на договор раководството на клубот од Минхен ќе побара уште еден Французин и легенда на тимот – Франк Рибери да стане помошник на Зидан. Самиот Зидан не се занимава со тренерство од 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид.

Претходно„Луда куќа“: Дубаи не може да влезе во АБА, нема проширување на лигата!
СледноОд ВТБ-лигата не кријат: Ненад Димитријевиќ е главен кандидат за МВП признанието!