„Луда куќа“: Дубаи не може да влезе во АБА, нема проширување на лигата!

285

Дубаи нема да игра во Аба лигата, така тврди Драган Бокан, првиот човек на Будуќност.

Што се случува со Дубаи и регионалното натпреварување? Одговорите на тоа прашање се целосно контрадикторни. Додека некои тврдат дека овој клуб е примен во регионалната лига, од друга страна се шпекулира дека се работи за „дезинформација“.

„Нема влез на Дубаи и нема проширување на лигата. Зошто? Одлука не може да се донесе со мнозинство, туку едногласно. Едногласна одлука на сите клубови може да ја прошири лигата и да ги промени пропозициите на натпреварувањето. Мора да дојде до ситуација прво да се заврши сопственичката структура, па да одиме на тие теми. Немаше волја и затоа не сакавме да учествуваме и да губиме време за нешто што според социјалниот договор не може да биде законски“, изјави Драган Бокан за „CG sport me“

ПретходноРибакина загуби сет со „нула“, но сепак завери финале во Мајами
СледноБаерн Минхен се врти кон Зидан, се кројат планови и за неговиот помошник