Мурињо и Конте не се во плановите на Баерн

58

Баерн Минхен ги исклучува Антонио Конте и Жозе Мурињо од листата на кандидати за тренерската функција, објави новинарот Холцнер на својот Твитер профил.

Меѓу последните кандидати за жешкото столче во баварскиот гигант, која на лето ќе го ослободи досегашниот тренер Томас Тухел, е и поранешниот спортски директор на Локомотив Москва, Ралф Рангник.

Тој е меѓу алтернативите на Шпанецот Чаби Алонсо, кој успешно го води Баер Леверкузен, и е на добар пат да ги предводи своите момци до историска титула во Бундеслигата.

ПретходноУ-19: Астрит Мерко го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Молдавија
СледноЖенската репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски меча со Летонија и Словенија