Од ВТБ-лигата не кријат: Ненад Димитријевиќ е главен кандидат за МВП признанието!

90

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и оваа сезона продолжи да блеска во дресот на Уникс Казан. Минатата сезона благодарение на неговите добри игри, тимот од Казан ја освои титулата во ВТБ-лигата, а нашиот најдобар кошаркар беше прогласен за МВП на финалето.

Генералниот директор на ВТБ-лигата Илона Корстин во интервју за Спорт-Експрес истакна дека наградата за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната ќе оди кај кошаркар од победничкиот тим. Ова значи дека МВП наградата ќе оди во рацете на Димитријевиќ.

„Секако, наградата МВП ќе му припадне на лидерот на тимот што го зазема првото место, ова е наше правило“, нагласи С.Е. Корстин.

„Сега УНИКС е во водство, а ако тимот од Казан го задржи првото место, тогаш наградата ќе му припадне на Димитриевиќ. Ненад повторно има одлична сезона. Постигнува 30+ поени во натпреварите со директните конкуренти, многу е добар во игра заедно и ги води своите партнери во тешки моменти. Тој е фаворит досега“. 

ПретходноБаерн Минхен се врти кон Зидан, се кројат планови и за неговиот помошник
СледноСудии за ПМФЛ: Марјан Младеновски “главен“ на Чаир!