Рибакина загуби сет со „нула“, но сепак завери финале во Мајами

74

Четвртата тенисерка во светот Елена Рибакина се пласираше во финалето на турнирот во Мајами, откако ја совлада Викторија Азаренка од Белорусија со 2:1 по сетови 6:4, 0:6, 7:6.

Таа до победата над 32-та играчка на ВТА листата стигна по два часа и 35 минути игра.

Рибакина стигна до водство во сетовите благодарение на брејкот во седмиот геjм од првиот сет.

Азаренка беше убедлива во вториот сет, а без загубен гем стигна до тајбрејк.

Во третиот сет беше забележан по еден брејк на двете страни, па победникот беше решен во тај-брејк, во кој Рибакина беше убедлива и славеше со 7:2.

Рибакина во финалето ќе игра против Колинс, која имаше лесна задача против Александрова ја совлада со 2-0.

ПретходноЛиверпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија?
Следно„Луда куќа“: Дубаи не може да влезе во АБА, нема проширување на лигата!