Карлос Алкараз во отсуство на Новак Ѓоковиќ на Мајами опен, се надеваше дека ќе го стигне на дофат на првото место на АТП листата. Наместо тоа, може да падне од друга позиција.
Откако препородениот Григор Димитров му одржа лекција по тенис и откако беше елиминиран од Алкараз, остана без 160 поени и не ги одбрани бодовите од лани на Флорида. Сега има 8.645 бодови и доколку Јаник Синер го освои турнирот, Шпанецот ќе падне на третото место.
Синер многу рутински успеа да го совлада Данило Медведев и го остави со 7.165 поени, 600 помалку од минатата недела, а доколку го освои турнирот, младиот Италијанец ќе има 8.710 поени и за прв пат во кариерата ќе се искачи на второ место.
И покрај тоа, Новак Ѓоковиќ иако во Индијан Велс играше многу малку, а во Мајами воопшто не настапи, остана убедливо прв со 9.725 поени.
Што се однесува до Григор Димитров, тој со влезот во финалето успеа да обезбеди 3.550 бодови, а доколку победи ќе оди на 3.890. Засега е сигурен во Топ 10, а доколку триумфира би можел да стигне и до седмото место. Дуелот Димитров-Синер во финалето на Мајами е закажан за 21 часот.