Елиф Елмас: Мојот сон е со Македонија да играм на СП!

285

И покрај тоа што минаа речиси пред години откако Елиф Елмас не е веќе во Турција, тој во таа 2019 година направи голем трансфер од Фенербахче во Наполи, сепак Дијамантот секогаш е интересен за турските медиуми.

Па така вчера македонскиот репрезентатибец даде големо интервју за турската агенција Анадолу.

Елмас покрај другото не криеше кој е најголемиот негов сон како фудбалер:

Игравме на ЕП 2020, и тоа е голема работа за нас. Секако дека сакам да продолжиме со настапи на големи натпреварувања. Инаку мојот сон е да со Македонија да играм на СП. Инаку сметам дека ќе постигнеме добри резултати во наредниот период. Сепак не е лесно за нашата репрезентација со само околу 1,5 милиони жители, Турција на пример има 80 милиони. Ова го говорам од аспект на играчи кои би играле за репрезентацијата“ посочи Елмас.

Инаку тој се осврна на фактот дека имало понуда да заигра за репрезентацијата на Турција:

На 5 јуни во 2017 година Македонија одигра пријателски меч со Турција кој заврши 0:0. Претходно тогашниот селектор Фатих Терим ме повика да играм за Турција, но тоа не се случи. Потоа бев повикан за селекцијата на Македонија до 21 година за ЕП за младинци. А на 11 јуни дебитирав за А селекцијата на Македонија“ потенцираше Елмас.

ПретходноАлкараз сакаше да го стигне Новак, но сега му се подготува пад!
СледноДве плеј-оф пресметки кои можат да донесат промени на табелата!