Бајката на Сарбрикен заврши, Кајзер по 21 година повторно во куп-финале

211

Успешната приказна во Купот на Германија на третолигашот Сарбрикен заврши по вечерашниот пораз од екипата на Кајзерслаутерн со 0:2. По победите против екипите на Баерн Минхен, Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт во предходните рунди, навивачите очекуваа нова победа и историско учество во финалето. Но, сепак тоа не се случи и домаќините го завршија своето учество во полуфиналето.

Резултатот го отвори Марлон Ритер во 53-тата минута, а вториот гол го постигна Туре во 75-тата минута. До крајот на натпреварот фудбалерите на Сарбрикен креираа шанси и се обидуваа да постигнат гол, но одличната одбрана на гостите не го дозволи тоа.

Кајзерслаутерн ќе го чека подобриот од натпреварот Баер Леверкузен – Ф. Дизелдорф во финалето кое ќе се игра на 25 мај на Олимпискиот стадион во Берлин.

ПретходноДе Лаурентис му зема еден од директорите на Јувентус
СледноЈувентус со една нога во финалето на купот