Куп – 1/2 финале: Тиквеш издржа на Чаир, на реваншот во Кавадарци ќе има супер шанса да дојде до своето историско, прво финале!

1982

Шкупи – Тиквеш 0:0 е епилогот од првиот дуел од полуфиналниот двомеч во Купот на Македонија, кој што се одигра попладнево на Чаир во Скопје. Ова значи дека патникот за финалето ќе се решава во Кавадарци, кога Тиквеш ќе биде домаќин, за две недели. Тоа ќе биде супер шанса за кавдарчани да дојдат до своето историско, прво финале.

Искрено повеќе се очекуваше од двете екипи, сепак никој не сакаше да се ризикува, ако се знае каков е влогот, а тоа е финале во Купот на Македонија.

На почетокот од средбата кавадарчани први се заканија, и тоа преку Стојкоски. Во тие моменти Тиквеш како да беше поопасен и така беше се до 25 минута кога чаирчани во целост ја презедоа иницијативата, имаа повеќе од играта. Шкупи имаше супер шанса во 27.минута кога Едмундсон излезе сам пред Ренер, но не успеа да донесе водство на домашниот состав.

Па така на пауза се замина со тие 0:0.

Во второто полувреме Тиквеш се обидуваше да искреира некоја подобра акција за да го загрози голот на Тиквеш, но генерално се играше без премногу ризик. Гостите од контри се обидуваа да дојдат до контра, а такво нешто се случи во 60.минута кога Спахиу мораше да одреагира подобро.

На спротивната страна Шеји се закани, можеше да биде многу опасно, но за среќа на гостите немаше гол. Неколку минути подоцна и Гронер имаше шанса за водство на Шкупи, но резултатот и натаму беше оној почетниот. Претходно и Дуду можеше да донесе водство.

Тиквеш врати преку Стојковски и Спахиу, но нивната опасна акција не заврши со гол.

Во последните десет минути Шкупи тргна многу поофанзивно, целта беше да се постигне макар еден гол и со предност да се патува во реваншот во Кававадарци.

Сепак на крајот од оваа денешна средба на Чаир, резултатот беше 0:0.

Да повториме, реваншот се игра во Кавадарци за две недели, додека утре во Охрид во првиот меч од второто полуфинале се среќаваат Воска и Македонија ЃП од 15 часот.

No description available.

No description available.

ПретходноКако да се задржи Чави: Му се нуди да биде водач на новиот проект во Барса и му се ветува Халанд следното лето!
СледноСтаниќ го одработи првиот тренинг како шеф на стручниот штаб на Работнички! (ФОТО)