Микел Хансен утре ќе објави дека ја игра последната сезона во кариерата

117

Данската ТВ2 објави дека ѕвездата на данскиот ракомет, Микел Хансен, ќе ја заврши кариерата по олимпискиот турнир во Париз.

Како што пишуваат Данците, ова е последна сезона во кариерата на еден од најдобрите играчи досега. Се претпоставува дека тој тоа ќе го соопшти на заедничката конференција со Алборг закажана за утре.

ТВ2 тврди дека данскиот ракометен мајстор ќе ја информира јавноста дека по Олимписките игри, ќе се повлече од најголемата сцена, исто како и неговиот голем ривал, Никола Карабатиќ.

Хансен на 22 октомври ќе наполни 37 години. Со репрезентацијата освои се, а со Алборг има уште една шанса да го освои највредниот трофеј во клупскиот ракомет, трофеј што му недостига во неговата ризница, пахарот од Лигата на шампионите.

ПретходноИ фановите „удрија“ по Халанд: Супер голгетер со нула техника! (ВИДЕО)
СледноЛуис Хамилтон: Сите знаат дека бев ограбен во Абу Даби 2021!