Реал Сосиедад се обидува да го земе Ѓулер на позајмица

113

Младиот офанзивен играч на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, во летниот преоден рок може да замине во друг клуб во потрага по минутажа.

Како што пренесува новинарот Екрем Конур , за 19-годишниот турски плејмејкер е заинтересиран Реал Сосиедад, кој сака да го изнајми талентираниот играч од Мадрид.

Газдите на „бело-сините“ од Баскија планираат да започнат преговори со „кралевите“ околу закупот на Ѓулер на крајот од актуелната сезона. Во актуелната сезона, Арда Ѓулер одигра само 98 минути за Реал Мадрид на седум натпревари во сите натпреварувања, најчесто поради повреди.

ПретходноБарса сака да потпише со Аморим пред Ливерпул да почне да преговара со него
СледноРондо потврди дека и става крај на кариерата