Јувентус со една нога во финалето на купот

210

Фудбалерите на Јувентус остварија голема победа во полуфиналето од италијанскиот куп совладувајќи го Лацио со 2:0. На првиот двомеч од полуфиналната фаза Јуве на свој терен одлично се справи со римскиот тим и оствари убава предност пред реваншот во Рим.

Во 50-тата минута Федерико Киеза донесе предност за домаќините од Торино, а водството го зголеми Влаховиќ со гол во 64-тата минута. До крајот Лацио се обидуваше да го ублажи поразот, но одличната игра на домаќините ги спречи.

Реваншот ќе се одигра на 23 Април во Рим каде Лацио ќе се обиде да му се одмазди на Јуве и да проба да направи чудо.

ПретходноБајката на Сарбрикен заврши, Кајзер по 21 година повторно во куп-финале
СледноВест Хем и четврти меч во низа без победа, Евертон извади бод кај Њукасл