Работнички не дозволи „брејк“ и поведе во полуфиналето против Штип УГД

68

Одбојкарите на Работнички 71&22 стартуваа со победа на првиот меч од полуфиналето на плеј-офот во домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Попладнево во салата „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје, Работнички одигра одличен меч и успеа да го совлада актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД во четири сета со 3:1.

Работнички 71&22 – Штип УГД                      3:1 (25:20, 25:20, 18:25, 25:16)

Првите два сета во кои Работнички покажа поголема трпеливост во завршницата на поените и смиреност во финишот, се чини беа клучни за премиерната победа на скопскиот тим. Штип се врати во третиот сет, но во четвртиот комплетно потфрли и не успеа да се врати комплетно во мечот.

За утре во 19 часот е закажан и првиот полуфинален дуел од плеј-оф разигрувањето и меѓу екипите на шампионот Струмица и Универзитет во Тетово.

ПретходноРакометарките едногласни: Среќни сме што после 12 години преку квалификации одиме на Европско
СледноКамерун за нов селектор назначи Белгиец кој никогаш не работел во репрезентација