Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес денеска е уапсен на аеродромот во Мадрид кога се вратил од Доминиканската република.
На 20 март во акција на шпанската полиција беа уапсени седум луѓе обвинети за перење на пари во врска со договорите на ФФ на Шпанија, Суперкупот да се игра во Саудиска Арабија. Тогаш Рубијалес беше надвор од Шпанија, но Обвинителството против него распиша потерница и налог за апсење.
Веднаш по пристигнувањето во Шпанија, тој бил уапсен и однесен на сослушување притоа задржани му се сите електронски уреди и два телефони.
По сослушувањето е пуштен на слобода, но ќе треба да дава исказ и во суд.