Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години поразена од Словенија на „Истра куп“

262

Младата македонска футсал репрезентација до 19 години во еден интересен и возбудлив натпревар забележа минимален пораз од селекцијата на Словенија со 3:2 во рамките на групата Б од силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој се одржува во Умаг, Хрватска.

Нашите футсал фудбалери имаа предност од 2:1 и три извонредни можности за зголемување на предноста, но на крајот противникот успеа да направи комплетен пресврт и да ја забележи првата победа во рамките на првото коло од турнирот.

Капитенот Гавровски и Стоимировски се запишаа во листата на стрелци за Македонија на овој натпревар.

Во второто коло од меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, младата футсал репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Хрватска.

ПретходноРубијалес уапсен на аеродромот во Мадрид и однесен на сослушување
СледноПолувреме Куп на Македонија: Блесок на Георгиев, Воска води 2:0 против Македонија ЃП (видео)