Малачи Флин, експлодираше со рекордни 50 поени од клупата во кариерата во поразот на Детроит од Атланта од 121:113.
50-те на Флин се најмногу постигнати поени од клупата во историјата на франшизата, надминувајќи ги 38-те поени на Ричард Хамилтон на 7 февруари 2009 година. Тој постигна 33 поени во второто полувреме.
Настапот го врзува Флин за вториот најголем број поени од клупата во историјата на НБА, претходно 51 поен постигна Џамал Крафорд на 9 април 2019 година, и го прави само третиот играч на клупата некогаш кој ја достигнал границата од 5о поен од клупата. Ник Андерсон постигна 50 на 23 април 1993 година.
Флин, чиј претходен рекорд во кариерата беше 27, имаше рекордни во сезоната шест скока, пет асистенции и пет украдени топки за 34 минути.
Бостон ја совлада Оклахома сити со 135-100. Селтикс ја запишаа 60-та победа сезонава и ја обезбедија предноста на домашниот терен за целиот плејоф. Ова е најдобар рекорд за Бостон.
BEST RECORD IN THE @NBA CLINCHED 😤 pic.twitter.com/BdjYgs4BZD
— Boston Celtics (@celtics) April 4, 2024
Резултати:
Шарлот – Портланд 86:89
Вашингтон – ЛА Лејкерс 120:125
Атланта – Детроит 121:113
Бостон – Оклахома 135:100
Бруклин – Индијана 115:111
Милвоки – Мемфис 101:111
Минесота – Торонто 133:85
Њу Орлеанс – Орландо 108:117
Феникс – Кливленд 122:101










