Евролига: Партизан славеше во Берлин и остана во игра за плеј-офот

517

Кошаркарите на Партизан ја совладаа Алба во Берлин со резултат 94-83 и останаа во игра за пласман во плеј-офот од Евролигата. „Црно-белите“ имаа контрола на мечот и на резултатот, а по првиот период имаа предност од 23-15. Разликата во втората четвртина отиде и до +16, за на полувреме српскиот тим да отиде на +13 (47-34).

До крајот Партизан ја одржуваше предноста и стигнаа до победата. Џејмс Нинали го предводеше Партизан со 17 поени, Дозиер и Пантер постигнаа по 15. Кај Алба, Тиеман постигна 20 поени.

За пласман во плеј-офот Партизан ќе мора да ја победи и Валенсија во последното коло но и да чека расплет кај директните конкуренти. Тие се надеваат дека Ефес ќе изгуби барем еден од двата меча (против Фенербахче и Црвена Звезда) или Басконија да ги изгуби двата меча (гостувањата кај Валенсија и Виртус).

На другите натпревари, Црвена Звезда-Олимпијакос 86-89, Монако-Жалгирис 69-66, Барселона – Макаби Т.А. 92-89, Валенсија – Асвел 69-98.

ПретходноСупер дерби во Лондон – Челзи до 98 минута губеше 2:3 од Јунајтед и на крајот победи (видео)
СледноСпектакуларниот Јокиќ со нов трипл-дабл, ама на крај промаши за победа, Дончиќ го доби дуелот со Богдановиќ! (ВИДЕО)