Откако Микел Хансен самиот објави дека по завршување на сезоната ќе се повлече од играчката кариера, сека дека ракометниот свет по малку беше изненаден од оваа одлука на Данецот.
Хансен и покрај возраста сеуште игра во врвна форма и затоа ова е по малку и изненадување за сите кои се во светот на ракометот.
По тој повод данската ТВ2, прва му се обрати на нашата ракометна икона и актуелен селектор Кирил Лазаров, за неговото мислење за Хансен.
„Искрено бев изненаден од веста дека Микел Хансен ќе ја заврши својата играчка кариера ова лето. Не очекував толку рано да се реши за оваа одлука, затоа што во мои очи тој играше и игра на високо ниво како во клубот така и во репрезентацијата. Микел е автентичен и препознатлив играч, секако еден од најдобрите на сите времиња. Играч со можеби технички најдобро изработен шут и додавање во историјата. Имаше голема кариера и јас уживав додека играв против него и додека го гледав како игра. Кога кога гледаш како игра Микел, мислиш дека ракометот едноставна игра, а не е така“ изјави Лазаров.










