Дефанзивец на Баер разочаран што Алонсо остана: „Се надевав на поинаква негова одлука“

2646

Баер Леверкузен „гази“ во Бундеслигата, нема пораз и ита кон шампионската титула и кон трофејот од Купот. По многу нагодувања на крајот тренерот Чаби Алонсо одлучи да остане во Баер и покрај интересот на Баерн и Ливерпул.

Но во таборот на Леверкузен има и незадоволен фудбалер од ваквиот развој на настаните. Дефанзивецот Јосип Станишиќ се надевал дека Чаби ќе премине во Баерн.
Среќен сум што тој е среќен во Леверкузен. Сепак, се надевав дека ќе одлучи поинаку“, изјави хрватскиот дефанзивец.

Звучи чудно, но јасно е зошто го кажува тоа. Станишиќ е позајмен во Баер од редовите на Баерн и тоа без откупна клаузула. По сезоната Хрватот се враќа во Баерн каде што посакувал повторно да работи со Алонсо.

Вака шпанскиот тренер ќе остане во Леверкузен, а Хрватот ќе мора да работи со друг тренер во Баерн. Во првиот дел од сезоната Алонсо не му веруваше на Станишиќ, па често го седнуваше на клупата. Во ноември се зборуваше за враќање на дефанзивецот во Минхен. Тоа не се случи затоа што Алонсо одлучи да го задржи пред се поради тоа што Баер остана без двајца фудбалери кои настапуваа на Африканскиот куп.

Тука влета Станишиќ кој помогна и го искажа својот квалитет. Врвот беше кога Станишиќ погоди против својот клуб Баерн во триумфот од 3:0. Во вториот дел од сезоната тој е стандарден, па разбирливо е колку ќе биде разочаран кога ќе треба да се врати во Минхен и повторно ќе треба да се докажува за првотимски статус.
Секако, можеби Баер ќе се одлучи да го купи ако Баерн го дозволи тоа повторно да биде дел од „фармацевтите“ предводени од Алонсо.

ПретходноШефилд заслужува да испадне – овој кикс доволно зборува за нивната немоќ (видео)
СледноЛиверпул го совлада Шефилд – смешен гол на Дарвин, а прекрасен на Алексис Мекалистер (видео)