Гвардиола обајсни зошто го остави Халанд на клупата

163

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го пофали својот тим по победата над Астон Вила со 4-1. „Граѓаните“ се трети во табелата во Премиер-лигата, но само бод помалку од лидерот Арсенал.

„Игравме многу добро. Пред неколку месеци Астон Вила доминираше во играта меѓу нас и заслужено победи, но денес бевме подобри. Создадовме многу шанси и направивме многу грешки. Благодарение на Фоден, Родри и Рико Луис изгледавме одлично во средниот ред. Грилиш и Доку завршија одлична работа по страните. Дефинитивно сум задоволен. Можевме да постигнеме повеќе голови“, прокоментира Гвардиола.

Предводникот на „граѓаните“ даде објаснување зошто Ерлинг Халанд и Кевин де Бруин беа резерви.

„Кога го избираме составот за даден натпревар, главната цел не е да се одмори еден или друг играч, туку да се победи. Ни требаше свежина бидејќи пред три дена игравме против Арсенал. Самата програма бараше да правиме ротации“, одговори Пеп на прашањето зошто меѓу резервите ги остави Ерлинг Холанд и Кевин де Бруин.

ПретходноПоранешниот претседател на Шпанија се огласи за наводните оргиите со парите на федерацијата
СледноИгрите на Гостивар и другарите за стрес на Вардар