Како загуби Гостивар од Македонија Ѓ.П во неделата (1:4), на само два дена по објавувањето на МВР и ОЈО дека во Македонија е почната истрага за наместени натпревари!? Познавачите на приликите и фудбалот во земјава се свесни и зачудени дека екипа, скапа и силна екипа како Гостивар која со месеци немаше пораз, прими 4 гола и загуби дома од екипа која има лоша серија, која е на дното од табелата и која има мали шанси да опстане во елитата.
Можно е ако зад таков проект стои сомнителна „групација“ со сомнителна позадина и во земја во која секој може да прави а посебно во фудбалот а притоа да не се провери, потекло на имот, финансии и личности кои за брзо време си земаат за прави да кажуваат и кројат високи фудбалски политики. Поразот од „лавовите“ не е ништо повеќе освен луда идеа да му се наштети на најтрофејниот клуб во земјава, Вардар. Да се направи немир и стрес кај „комитите“ во битката за опстанок на „црвено-црните“.
Болните амбиции на одредени сателити дека ќе успеат да влезат во Вардар и да го менаџираат најголемиот клуб е само една од причината за „стресот“ и операцијата која некој сака да ја направи на штета на Вардар. Прво нудеа играчи како пријатели, па ја сакаа базата во “Хиподром“, па сакаа лесни бодови кога Вардар гостуваше во Гостивар но и на двата меча не излегоа шемите и плановите па по големите загуби еве следи и еден вид на реваншизам… И кога некој лошо ќе се пресмета ете го и Гостивар сега во купчето на екипи кои се под истрага за нечесни игри во фудбалот и резултати кои носат сомнеж дека некој некого и во нешто мести. Уште по тие 1:4 жестоки беа реакциите дури и на навивачите на Гостивар кои на ФБ страниците наголемо пишуваа за сомнеж и местенки.
Не е верно тим кој троши милиони и огромни средства за скапи фубалери да влезе така во еден меч во кој се постигнуваат смешни голови. Многу е важно ако не и најважно во иднина да се внимава кој и како купува клубови во Македонија а сега да се проверат сите оние кои имаат екипи и кои прават планови не само фудбалски….
Ова е пријателска земја која ги отвара портите за сите чесни и луѓе со желба за бизнис, спорт и инвестиции..
Но ова е земја која не може да дозволи некој дојденци да уриваат нешто што е градено до децении. Доаѓаат бурни денови за таквите „фламинго-си“…















