Официјално: Македонија со пад од едно место на ФИФА листата!

74

Она што беше најавено уште минатата недела, од денеска е и официјално. Нашата најдобра фудбалска репрезентација на најновата ФИФА листа е на 69.место или има пад од едно место во однос на минатиор ранкинг.

За ова секако дека се “заслужни“ резултатите на пријателските средби во Анталија кога ремизиравме со Молдавија и бевме поразени од селекцијата на Црна Гора.

На врвот на листата на ФИФА за месец април се Аргентина, Франција и Белгија.

ПретходноИгрите на Гостивар и другарите за стрес на Вардар
СледноРФМ парично ќе ги награди ракометарките за пласманот на ЕП 2024!