Црвена Звезда падна пред Олимпијакос во трилер завршница

179

Кошаркарите на Црвена Звезда одново се поразени, овојпат на свој терен од Олимпијакос со 86-89 во меч од 33 коло на Евролигата. Мечот без резултатско значење за Звезда му припадна на грчкиот тим и покрај тоа што Звезда одигра многу добро.
На полувреме 39-42 за противникот, а по три четвртини 64-63 за Звезда. Во последната трилер четвртина грчкиот тим беше поумешен и стигна до победата. Одличен меч одигра Џоел Боломбој со 19 поени и 12 скокови. Идентичен скор имаше и Адам Ханга, двајцата од Звезда.
Олимпијакос го предводеше Мозес Рајт кој 16 од своите 20 поени ги постигна во последната четвртина. Костас Папаниколау постигна 12 поени, шест асистенции и четири скока.
За Звезда ова е 22. пораз во Евролигата, а за Олимпијакос 21 победа.
Во Монте Карло, домашниот Монако го совлада Жалгирис со 69-66. За Монако ова е 22 победа, а за Жалгирис 19-ти пораз.

ПретходноВеспрем уште еднаш го „растури“ ПИК Сегед и обезбеди четвртфинале во ЛШ
СледноШефилд заслужува да испадне – овој кикс доволно зборува за нивната немоќ (видео)