Челниците на Манчестер Јунајтед се разочарани од настапот на тимот оваа сезона. Затоа сакаат да се ослободат од одредени фудбалери кои не ги оправдаа очекувањата и чекаат понуди кои ќе дојдат во клубот.
Сер Џим Ретклиф, првиот човек на Јунајтед, сака да го обнови клубот. Ѕвездите кои имаа осцилирачки настапи се први на листата кои го напуштаат клубот од „Олд Трафорд“.
Навивачите оваа сезона често го критикуваа тимот на Манчестер Јунајтед, но го доведуваа во прашање и административниот дел од клубот, кој новиот сопственик, кој е и голем фан на Јунајтед, сака да го промени.
Со право, навивачите сметаат дека се потрошени огромни суми за неуспешни засилувања кои не му помогнаа многу на Манчестер Јунајтед.
Дејли Мејл, во оваа насока, денеска носи список од пет ѕвезди кои на лето можат да го напуштат Манчестер Јунајтед. Станува збор за Мејсон Гринвуд, Џејдон Санчо, Антони, Касемиро и Рафаел Варан.
Доколку остане тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ќе мора да почитува одредени правила. Тој повеќе не би имал право на глас кога се во прашање трансферите.
Ова е нетипично правило за фудбалот во Англија, со оглед на тоа што тамошните менаџери обично одлучуваат за се што се однесува на самиот тим, вклучувајќи ги и трансферите.