Барса смета на 160 милиони евра заработка од изнајмувањето на ВИП ложите на новиот “Камп Ноу“!

189

Фудбалот од ден на ден станува се повеќе и тоа каков профитабилен бизнис. Па така челните луѓе на Барселона сметаат дека ќе заработат најмалку 160 милиони евра за 10 години откако ќе ги изнајмат ВИП ложите на новиот “Камп Ноу“.

Според очекувањата на новиот стадион ќе има ВИП 115 ложи, од кои 65 ќе се изнајмуваат на познати фирми. Во останатите, кои бидат поголеми и повеќе со луксуз, ќе бидат чувани за посебна клиентела и специјални гости.

Се најавува и тоа билетите за новиот стадион ќе бидат далеку поскапи во однос на тие што сега се продаваат за “Монжуик“ на кои сега Барса ги игра своите домашни натпревари.

ПретходноМакедонија на 18 април ќе ги дознае ривалите на ЕП!
СледноТрадицијата продолжува: Викендов се одржува ИКАС 2024!