Ливерпул го совлада Шефилд – смешен гол на Дарвин, а прекрасен на Алексис Мекалистер (видео)

353

Екипата на Ливерпул стигна до планираните три бода во мечот со Шефилд Јунајтед во рамките на 31 коло на Премиер лигата. „Црвените“ славеа победа со 3:1 на својот „Енфилд“ иако гостите во вториот дел изедначија и чуваа реми до 76 минута кога домашните ги свртија работите во своја полза.

Поведе Ливерпул со голот на Дарвин Нуњез. Тоа се случи во 17.минута по огромната грешка на голманот Иво Грбиќ кој во обид да исфрли го погоди Нуњез и топката се одби во мрежата. Изедначи Шефилд со автоголот на Бредли во 58 минута.

Тогаш Јирген Клоп реагираше, па направи четири рокади во екипата ги извади Салах, Собослаи, Гомез и Гравенбех, а ги внесе Елиот, Робертсон, Гајпо и Џонс. Со тоа освен свежина доби и брзина и офанзива по крилните позиции.

Во 76 минута на асистенција на Диаз, аргентинскиот интернационалец Мекалистер го носи Ливерпул во водство од 2:1. Во 90 минута нововлезениот Гакпо го постави конечниот резултат на асистенција на исто така нововлезениот Робертсон.

Ливерпул има 70 бода на табелата, два повеќе од Арсенал, а три од Манчестер Сити.

ПретходноДефанзивец на Баер разочаран што Алонсо остана: „Се надевав на поинаква негова одлука“
СледноПСЖ ја исфрли Висла и закажа меч со Барса во ЛШ