Шпанскиот фудбалски сојуз и неговите сегашни и поранешни челници со недели се во центарот на скандал поради наводни коруптивни практики, што доведе до упад на полицијата во просториите на здружението, неколку лица донесени на интервју, а сега поранешниот претседател од здружението Луис Рубијалес беше меѓу нив.
Тој беше уапсен на аеродромот во Мадрид кога се вратил од Доминиканската република и однесен на сослушување притоа задржани му се сите електронски уреди и два телефони. По сослушувањето е пуштен на слобода, но ќе треба да дава исказ и во суд.
Рубијалес даде интервју во емисијата „Ел Објетиво“, во кое се осврна на тврдењата дека организирал приватни забави и плаќал проститутки со парите на Федерацијата:
„Нека ми вбризгаат серум за вистина во вените и нека ме прашаат дали некогаш сум била со проститутки, одговорот е не“.
Да потсетиме, ова не е единствениот случај Рубијалес да се најде под истрага, а моментално е под суспензија од ФИФА поради сексистички скандал. ФИФА го суспендираше од сите должности на три години, а Рубијалес не смее да има функција во националните или меѓународните фудбалски тела за време на суспензијата.










