Чави доби специјална улога во Барселона

220

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез е назначен за амбасадор на фондацијата на шпанскиот гигант, соопшти клубот.

“Ова е признание за хуманоста и грижливата природа на Чави, кој е во клубот 29 години. Тој порасна во Ла Масија, играше за тимот и потоа се врати како тренер на првиот тим. Чави е секогаш подготвен да поддршка на различни хуманитарни и добротворни потфати, вклучително и учество на бројни настани и програми на нашата фондација“, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на Каталонците.

Чави во неколку наврати истакна дека Барса прави се што е можно за да ги промени животите на многу луѓе.

Поранешниот играч од средниот ред најави оставка како тренер на Барселона на крајот од сезоната 2023/24. Специјалистот ги води Каталонците од ноември 2021 година.

ПретходноУжасно: Јужноафрикански фудбалер убиен при обид да му се ограби автомобилот! (ФОТО)
СледноКико Наумовски го продолжи договорот со ДПММ од Брунеи!