Додека фановите на Манчестер Јунајтед, а посебно играчите и струниот штаб сеуште не можат да сфатат како тоа го загубија мечот до Челзи, а имаа водство од 2:3 во 100.минута, се чини дека Кристијано Роналдо си прави забава на сметка на својот некогашен клуб.
Познато е дека Кристијано и Јунајтед не се разделија баш на пријателски меч, па затоа сега преку социјалните мрежи му фаќа сеир на клубот од “Олд Трафорд“.
Последната негова објава доаѓа по поразот на Јунајтед од Челзи со 4:3, а на нејзе како тој се смее и гледа нешто на својот мобилен апарат.
Пораката која тој ја напиша е “СРЕЌНИ ДЕНОВИ“…
Тие што добро ги знаат приликите во Манчестер Јунајтед велат дека тој му се потсмева на својот некогашен клуб.