Македонија со нов селектор денеска тргнува во нови квалификации!

6742

Нашата најдобра женска фудбалска селекција, денеска ги стартува квалификациите за пласман на ЕУРО 2025 кое ќе се одржи во Швајцарија.

Нашите фудбалерки денеска во првиот меч од овие квалификации и гостуваат на Летонија, и тоа со почеток од 16:30 часот.

Познато е дека пред неколку дена, по лошите резултати во текот на својот мандат, ФФМ му врачи отказ на досегашниот селектор Кирил Изов и за негов наследник беше назначен Александар Андов, кој денеска ќе го има своето деби како предводник на нашата најдобра женска селекција.

Да се надеваме дека Андов со своите избранички ќе има подобри резултати од својот претходник Кирил Изов.

Инаку Македонија во овие квалификации во Лигата – Ц, се наоѓа во група со 2, и тоа со Летонија, Молдавија и Словенија.

Попладнево играме со Летонија на гости, а веќе на 9 април ја дочекуваме селекцијата на Словенија и тоа на теренот на ФФМ во Скопје со почеток од 15 часот.

ПретходноРоналдо му се потсмева на Манчестер Јунајтед! (ФОТО)
СледноУште една потврда дека е најголемиот: Обрадовиќ дојде до 350. победа во Евролигата! (ФОТО)