Синоќешната победа над Алба Берлин, со која Партизан ги задржа шансите за пласман во плеј-ин во Евролигата, беше и победа со која Жељко Обрадовиќ докажа и покажа зошто е најголем тренер во историојата ова натпреварување.
Ова за него беше 350.победа во Евролигата, ова негов јубилеј. Се разбира дека се сметаат понедите откако ЕЛ се раздели со ФИБА.
Стратегот на Партизан со овие 350 победи и натаму убедливо е прв, додека на второто место е Еторе Месина со 313 победи.
Еве ја табелата на која јасно се гледа кој е кој: