Артур Филс стана најмладиот Французин кој забележал победа на Мастерсот во Монте Карло 1000 по Ришар Гаске во 2005 година, откако синоќа со 6-0, 6-2 славеше против Јаник Ханфман и обезбеди пласман во 2. коло.
19-годишниот тенисер одигра еден од своите најдобри натпревари во сезоната и ја воодушеви француската публика на своето деби во Кнежеството. Гаске се уште е рекордер во Монте Карло затоа што победи кога имаше само 18 години и тоа на меч против Рожер Федерер.
Филс, моментално рангиран на 36-то место во светот, а се претстави добро на земјена подлога минатата сезона, освојувајќи ја својата прва титула на турниот во Лион.