НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Шеик го камшикуваше фудбалерот на Ал Итихад (ВИДЕО)

23258

Вакви сцени не доликуваат на спорт каков што е фудбалот. Фудбалерите на Ал Хилал го совладаа Ал Итихад со 4:1 и го освоија шестиот трофеј во Суперкупот на Саудиска Арабија. Сепак, впечатокот го расипа страшната ситуација на крајот од натпреварот.

Стрелецот на голот за Ал Итихад, Хамдала се приближи до трибините и во таа прилика влезе во конфликт со гледач кој беше облечен како Шеик. По вербален конфликт, фудбалерот го поли со вода навивачот, а потоа следел брутален одговор.

Шеикот извади каиш и почна да го удира Хамдала, кој добил два удари. Фудбалерот сакаше да ја прескокне оградата и да се справи со напаѓачот. За среќа, кулминацијата на ситуацијата била прекината.

ПретходноДодека Кејн бил на пат за Лондон неговите деца имале собраќајна несреќа
СледноДетроит со нов рекод од 67. порази во НБА-лига (ВИДЕО)