Фенербахче казнет за напуштањето на финалето на Суперкупот

126

Фенербахче излезе со У19 тимот во финалето на Суперкупот на Турција и се повлече од теренот по само три минути. Само што се тргна од центарот играчите стоеја, а Икарди постигна гол и потоа се повлекоа во соблекувалната изразувајќи протест кон Федерацијата за несослушување на нивните барања.
Клубот барал да се одложи мечот поради настапот во четвртфиналето на ЛЕ со Олимпијакос и барањето му било одбиено. Исто така побарал странски судија да го води дуелот и тоа барање му било одбиено.
Фенербахче ја обвинува ФФ на Турција за нефер третман откако двајца фудбалери добија суспензии од по еден меч поради тепачка со фановите на Трабзон од кои беа нападнати за време на лигашкиот натпревар на 17 март.
Клубот дури се закани со напуштање на Суперлигата, а членовите гласаа да не се направи тоа.
ФФ на Турција сега ја изрече казната за напуштањето на Суперкупот. На Галатасарај му ја потврди службената победа и трофејот од Суперкупот. Фенербахче е казнет со парична казна од 115.000 евра.

ПретходноВасил Рингов ќе промовира ШУТБАЛ во Македонија!
СледноУтре Македонија ги дознава противниците за јуниорското СП