Прославата почна во соблекувалната: Пивско „бањање“ за Чаби Алонсо (ВИДЕО)

379

По цели 120 години од формирањето, германскиот фудбалски клуб Баер Леверкузен денеска испиша историја освојувајќи ја за првпат титулата во германското фудбалско првенство. Навивачите ја почнаа прославата уште пред судијата да означи крај на денешниот меч со Вердер, а прославата продолжи и во соблекувалните.

Еден од главните „виновници“ за овој неверојатен раст на „фармацевтите“ оваа сезона, е секако Чаби Алонсо. Човекот кој го изгради овој шампионски тим доби вистинско „пивско капење“ во соблекувалната од своите соиграчи, кои со многу пиво ќе го прослават овој шампионски пат.

ПретходноКуманово не застанува, опстанокот се поблизу
СледноСе огласи Рома: Ндика е во болница, свесен, следуваат дополнителни прегледи