Историјата е испишана: Баер (Л) за првпат стана шампион на Бундеслигата!

292

Фудбалерите на Баер Леверкузен во голем стил ја освоија титулата во Бундеслигата, откако денеска го испратија Вердер со „петарда“ и дојдоа до незадржлива предност од 16 бода пред Баерн (М) на пет кола пред крајот на шампионатот.

„Фармацевтите“ крајно мотивирани денеска славеа со 5:0 над Вердер во 29. коло од германската Бундеслига и веднаш по мечот ја почнаа прославата на титулата.

Избраниците на Чаби Алонсо стигнаа до првата титула во клупската историја, а во денешната победа повторно извцонреден беше младиот Вирц кој постигна хет-трик, додека два гола беа дело и на Џака и Бонифаце.

ПретходноЈуниорите освоија сет против Грција во последниот меч од квалификациите
СледноПо Ливерпул, голем „кикс“ и на Арсенал: Астон Вила слави на „Емирати“ (ВИДЕО)