Јуниорите освоија сет против Грција во последниот меч од квалификациите

94

По двата убедливи порази од Италија и Израел во првите две кола од квалификацискиот турнир во Италија за пласман на ЕП 2024, јуниорската репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години, загуби и во третиот меч, но овој пат освои сет.

Избраниците на селекторот Санев, одиграа најдобар меч досега и успеаја да освојат сет на дуелот со Грција – 1:3 (15-25, 18-25, 25-22, 20-25). Јужниот сосед ја оствари втората победа во квалификациите и ќе го чека последниот меч од групата за конечниот пласман.

Македонија финишира на четвртото место.

Јуниорките вчера во Србија со три порази ги завршија квалификациите за ЕП до 18 години.

ПретходноРаботнички направи „брејк“ уште на стартот на женското финале
СледноИсторијата е испишана: Баер (Л) за првпат стана шампион на Бундеслигата!